37 крвни единици собрани на крводарителска акција во Кавадарци
03-07-2020 РЕГИОН

37 крводарители даруваа крв денес на крводарителската акција која се одржа во големата сала на Општина Кавадарци, а во организација на Црвен крст Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

 

Кавадарчани уште еднаш ја покажаа својата голема хуманост и даруваа масовно од својата драгоцена течност која некому ќе спаси живот.

 

„Годишниот план за крводарување за двете општини Кавадарци и Росоман секоја година изнесува 1184 единици крв,тоа е 3% од вкупното население од двете општини. Минатата 2019 година дарувани се 2100 крвни единици, а во првите 6 месеци од 2020 година дарувани се 1040 единици, така што можеме да констатираме дека календарската година ќе ја завршиме повторно со натфрлување на годишниот план за крводарителство“ информира претседателот на ОО на Црвен Крст Кавадарци, Димитар Каракулев. 

 

Тој нагласи дека дарителите на крв од Тиквешијата се во редот на најуспешните во државата и упати благодарност до сите крводарители и до Градоначалникот Митко Јанчев и локалната самоуправа Кавадарци за отстапениот простор и за условите во кои се одвиваше акцијата

 

Сите крводарители ги почитуваа мерките и препораките за заштита од Ковид 19, носеа заштитни маски, држеа растојание и на сите им беше мерена температура пред дарување на крв.



Додади коментар