5 мај ден на акушерките, 12 мај ден на медицинските сестри
12-05-2014 РЕГИОН

 Годинава 5.мај  светскиот ден на акушерките со одбележува под мотото „Акушерките го менуваат светот“ а 12.мај  денот на медицинските сестри и техничари под мотото „Сила за промена“. Светската здрасвена организација  ја одбра стратегијата  -Здравје за сите сметајќи дека сестрите и акушерките секогач се во првите редови на промените кои треба да донесат подобра здраствена зашита на населението . Даниела Миленковиќ Панова претседател на Здружението на сестрите на Кавадарци во своето обараќање смета дека Светската организација заедно со медицинските сестри од европскиот регион ја одбраа стратегијата „Здравје за сите“ бидејќи сметаат дека  тие се рамноправен партнер во тимот кој се грижи за здравјето на населението. За неа сестринството најблагодарна професија со морална, конструктивна,креативна и практична активност.

Даниела Миленковиќ Панова  оценува дека постои тренд за развивање на современо сестринство. Сестрите мора дабидат стручно едуцирани здраствени работници,активно да учествуваат во креирањето на здраствената политика,активно да учествуваат во сестринските здруженија,на конгреси и семинари и да имаат самостојност во нивната секојдневна работа.Во своето обраќање таа им го честита празникотнаакушерките,медицинските сестри и техничари и воедно се осврна на проблемите со кои се среќаваат вработените во овие професии.

М.Мукаетова

Додади коментар