Ekoлогистите против изградба на цинкара во Кавадарци
22-10-2018 РЕГИОН

 

 

 

Еколошкото друштво Еко-живот од Кавадарци најави петиција против изградба на цинкара близу градот. Во изјава, претседателот Роберто Паризов нагласи дека најпрвин со собирање на потписи, а потоа и со сите други законски дозволени можности, ќе се борат против загадувачка индустрија. Ваквата нивна реакција доаѓа по најавената заинтересираност на кавадаречки инвеститор, да инвестира во линии за проширување на асортиманот, но и производство на нови производи. 

 

-Ќе дозволат ли општинските власти уште една еколошка катастрофа во Кавадарци, јавно праша тој, нагласувајќи дека ја имаат и поддршката од Здружението “Напредни лозари”, како и од други субјекти кои се залагаат за чиста и здрава животна средина. 

 

Паризов додаде дека според нив, во опасност се лозаровинарството и воопшто земјоделството во плодната Тиквешија, но најмногу здравјето на кавадарчани, кои и онака се чести посетители на скопските клиники. 

 

-Кавадарци и досега беше на врвот по загадување во државата. Не ни треба дополнителна загадувачка индустрија, дециден беше тој.

 

ПРОИТИВ ЦИНКАРА СЕ И ОД ЕД „ТИСОВЕЦ“

Нема да дозволиме загадувачка индустрија во Кавадарци, реагираат и од Еколошкото друштво “Тисовец” од кавадаречкото село Возарци. Претседателот на душтвото, Сашко Данов нагласува дека ваквата нивна реакција доаѓа, откако во еден дневен весник излегла комерцијална информацијаза поднесено известување за намера за изведување на проект,  за нови линии за проширување на асортиман и нови производи, за потребите на кавадаречка компанија. 

 

-Министерството за животна средина и просторно планирање  ја информираше јавноста дека инвеститорот доставил известување за намера за изведување на проектот, како и листа на проверка, за утврдување на потребата од ОВЖС за проектот. Со проектот се планира да се прошири дејностасо воведување на производствени линии за проширување на асортиманот на постоечките производисо инсталирање на линии за производство на челични заварени цевки, за топло преобликување, за надолжно расечување, за сечење на контури на табли лим, за профилирање на отворени профили. Исто така, со проектот се планира проширување на дејноста сововедување на производствени линии за нови производи, со инсталирање на линии за профилирање на црни, поцинкувани и пластифицирани трапезни лимови и производство на панели, планиран комплекс-ладна валавица, планирана цинкара-инсталација за топло поцинување на цевки и други челични производи, појаснува Данов. 

 

 

Тој упатува предупредување до кавадарчани, тиквешани, до сите Македонци, дека Тиквешијата како вински бисер, лозарски рај и земјоделско царство, се соочува со еколошка пропаст што ќе ги уништи сите лозарски, овоштарски и земјоделски производи. 

 

 

-Сметаме дека и покрај тоа што кавадарчани и Советот на општина Кавадарци не дозволуваат такво нешто, инвеститорот се обидува да го протне својот проект преку мала врата. Ние како еколошко друштво во соработка со други невладини организациизаедно со бизнис секторот и винарииќе застанеме против овој предлог,  се со цел да го заштитиме нашиот вински и земјоделски крај, додава Данов.

 

 

С.Д

Додади коментар