FDI ја вброи општина Велес во градовите со најдобра бизнис клима
10-03-2014 РЕГИОН

 

ВЕЛЕС НУДИ НАЈДОБРА БИЗНИС КЛИМА ОД ПОМАЛИТЕ ГРАДОВИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА.. ВАКА ЕФ ДИ АЈ МАГАЗИНОТ НА ФАЈНЕНШЛ ТАМЈС ЈА ОЦЕНУВА ОПШТИНАТА ВО СВОЈАТА РАНГ ЛИСТА ВО КАТЕГОРИЈАТА МИКРО ГРАДОВИ.. СПОРЕД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЛАВЧО ЧАДИЕВ, ВАКВОТО ПРИЗНАНИЕ Е ДОКАЗ ЗА ОПРЕДЕЛБАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ СО ЗАСИЛЕН ИНТЕНЗИТЕТ ДА ЈА РАЗВИВА ЕКОНОМИЈАТА ВО ГРАДОТ..

 

РАНГИРАЊЕТО НА ФДИ МАГАЗИНОТ Е НАПРАВЕНО ВРЗ ОСНОВА НА ПОВЕЊЕ КРИТЕРИУМИ.. СЕ ИСТРАЖУВАЛ ЕКОНОМСКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ, ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ И ЖИВОТЕН СТИЛ, ЦЕНОВНА ЕФИКАСНОСТ, ИНФРАСТРУКТУРА И ДЕЛОВНА СОРАБОТКА.

 

СПОРЕД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ, РАНГИРАЊЕТО НА ОПШТИНАТА МЕЃУ ПЕТТЕ ГРАДОВИ ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ДАДЕ ГАРАНЦИЈА ПРЕД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЗА СИГУРНОСТ ВО ВОДЕЊЕТО НА БИЗНИСОТ..

ИНАКУ ОСВЕН ВЕЛЕС, ФДИ МАГАЗИНОТ КАКО ОПШТИНА СО НАЈДОБРА БИЗНИС КЛИМА ГО РАНГИРАШЕ И ШТИП. ВО ИСТАТА КАТЕГОРИЈА НА МИКРО ГРАДОВИ СО ПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ СЕ НАЈДОА И ДВЕ ОПШТИНИ ОД ЛАТВИЈА И ЕДНА ОД СРБИЈА.

З.Јаневски

 

Додади коментар