Mладите на Црвен Крст активни во заштита од топлотен бран
31-07-2013 РЕГИОН

Активно во акцијата за заштита од топлотен бран се вклучи и клубот на млади при ОО на ЦК Кавадарци. Додека пунктот на здравствен дом од центарот на градот бесплатно мереше крвен притисок и делеше лекарски совети младите вчера делеа едукативни флаери и минерална вода на случајните минувачи.

Од кавадаречкиот црвен крст велат дека активни за соработка остануваат и понатаму. Тие заедно со службите од центарот за социјални работи и здравствен дом остануваат блиски до граѓаните во најжешките денови од летото. Потврдуваат дека слични акции со  делење на минерална вода за граѓаните ќе има и понатаму се додека надлежните најавуваат екстремно високи температури во кој неопходна е помош.

M.M



Додади коментар