Асфалтиран пристапот до новиот мост во Ваташа - Заврши асфалтирањето и на новиот кружен тек
24-08-2019 РЕГИОН

Во селото Ваташа асфалтиран  е пристапот до новиот мост и проширувањето на патот после мостот на регионалниот пат кон Витачево.

 

Оперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица го постави првиот порамнителен слој асфалт на вкупна површина од 1390 квадратни метри. Во наредната фаза ќе се работи на пристапот до новиот мост на жителите од тој дел на Ваташа, односно на пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде видно променет. Финиот слој на асфалт ќе се постави во завршната фаза кога ќе се асфалтира и коловозната површина на новиот мост.

 

Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци. Проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и се реализира на нивно барање.

 

Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

 

Општината Кавадарци и ангажираната фирма „Градба промет“ успешно реализираа уште една фаза од комуналниот проект кружен тек кај ВВ „Тиквеш“. Денеска беше извршено асфалтирањето со завршниот фин слој на целата површина.

 

Ова сообраќајно решение со кружен тек е проектирано за експресно и безбедно одвивање на сообраќајот по Западен булевар.

Овој „турбо“ кружен тек се наоѓа на раскрсницата на Западен булевар со ул. „8ми Септември“, зафаќа површина од 3000м2. Согласно стандардите досега е изведена комплетната сообраќајна и комунална инфраструктура.

Во наредната фаза ќе се реализираат деловите од проектот кои се однесуваат на јавното улично осветлување, како и на хорти културното уредување.

Со оглед на тоа дека престојат уште неколку фази на изградба општината апелира до сите учесници во сообраќајот и натаму да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај, и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Општината Кавадарци во овој современ кружен тек инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.



Share

Додади коментар