ИН МЕМОРИАМ - Прим. Д-р Диме Мешков
24-06-2013 РЕГИОН

Со едноминутно молчење денеска колегите лекари и медицинскиот персонал од општа болница Кавадарци му оддадоа почит на примариус д-р Диме Мешков кој на 21 јуни почина во 88 година од животот.

За животот и делото  на д-р Мешков на денешната комеморативна седница говореше прим. д-р  Лидија Димитрова, началник на детското одделение во кавадаречката болница.

„Примариус д-р Диме Мешков, специјалист по педијатрија е основач на службата за здравствена заштита на децата во општина Кавадарци и доајен на Република Македонија во оваа дејнсот. Роден е во селото Ваташа на 17 јули 1925 година. Основно и средно образование завршил во Кавадарци. Медицински факултет во Загреб во 1952 година со највисока оцена. Специјализација по педијатрија завршил на клиниката за детски болести во Скопје 1959 година. Неговата долгогодишна научно истражувачка и практична работа резултираше со огромен број на научни трудови, заради што беше промовиран во примариус од областа на педијатријата во 1968 година, од страна на Сојузниот комитет за здравство и социјална политика во Белград“ рече д-р Димитрова.

По завршувањето на средното образование, прва работа на д-р Диме Мешков му е народен учител. Како лекар од општа пракса работел во болницата во Штип во 1952 година, а потоа во Здравствениот дом во Кавадарци како управник и лекар во домот, до заминувањето на специјализација. Откако се вратил од специјализација во периодот 1959-1960 година во соработка со проф. Д-р Христо Дума од Клиниката за детски болести во Скопје иницира основање на детско одделение во болницата во Кавадарци.

„Мотив за тоа е високата стапка на доенечка смртност од 162,8 промили. Одделението го екипира со најсовремена опрема, средно медицински персонал, а во континуитет упатува и лекари на соецијализација по педијатрија. Покрај неговата огромна посветеност за унапредување  на здравјето на децата со превенција и ерадирање на тешки болести и самиот учествуваше во вакцининирање на децата од целиот регион. Водеше специјалистичко консултативна амбуланта и болничко одделение за детски болести, а дежураше  и во комплетната болничка дејност“ рече  д-р Димитрова  и додаде дека д-р Мешков е еден од авторите на првиот македонки учебник по педијатрија за лекарите од општа пракса. ВО два мандати беше директор на Медицински центар Кавадарци, функција од која се пензионираше во 1987 година.

Добитник е на бројни награди и признанија, беше пратеник во Собранието на Репбулика Македонија, одборник во собранието на град Кавадарци.

„Својата љубов и посветеност кон медицината ја пренесе на ќерката Лидијаи синот Сашко, како и неговите внуци со што посебно се гордееше. И покрај сите овие постигнувања и успеси, прим –др Диме Мешков остана достоинствен, но скромен, чувствителен и хуман. Сочувствуцаше со сиромашните и немоќните, се трудеше да помогне на секој начин на оние што страдам а тоа е одлика на луѓето со големо срце“ потенцира д-р Димитрова.

Од името на колегите на д-р Мешков говореа прим д-р Миле Петров и д-р Ќиро Китев.  Рекоа дека големата  теоретска наоибразба  и одличното знаење практично да ја примени теоријата го правеа голем лекар.

Од името на семејството на комеморативната седница се обрати внуката на д-р Мешков, Искра Мешкова, исто така лекар.

Ангел Данов



Share

Додади коментар