Неготинци новата година ја дочекаа со Ален Славица
02-01-2014 РЕГИОН

Неготинци Новата година ја дочекаа на градскиот плоштад, пеејќи ги најголемите хитови на хрватската ѕвезда Ален Славица, а градоначалникот на општината, Ванчо Апостолов, на сограаѓаните од поставената бина им посака среќна и бериќетна 2014 година.

 Излезеноста на граѓаните на плоштадот беше масовна, а можеа да се видат и голем број млади луѓе коишто решиле да прослават на отворено. После полноќниот огномет, забавата траеше уште два часа.

Е.Д



Share

Додади коментар