Се подобрува уличното осветлување во Кавадарци
13-05-2020 РЕГИОН
Општината Кавадарци е во фаза на реализација на проект за подобрување на јавното улично осветлување - информираат од локалната самоуправа.
 
 
Деновиве преку оперативата на ангажираната електро фирма се поставуваат нови нисконапонски линии за 120 метални канделабри. Канделабрите ќе бидат распоредени на 15 различни локации во градот, како надополнување на постојното улично осветлување.
На столбовите кој се со висина од 4 метри ќе се постават и еколошки штедливи ЛЕД светилки со јачина од 40 вати. Во склоп на проекто општината ќе вгради и нови 3000 метри нисконапонски кабел за напојување на новите канделабри.


Share

Додади коментар